Денес ќе се задржи топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Утре локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.

Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.