Данска од 2025 година постепено ќе воведува еколошки даноци за патничкиот воздушен сообраќај.

Причина за тоа е напорот финансиски да ја поддржи зелената транзиција на сопствената авијациска индустрија, соопшти владата на оваа земја.

Данската влада уште во ноември предложи да се воведе данок на патничкиот воздушен сообраќај во просечен износ од 100 дански круни или 13,4 евра.

Копенхаген сака сите авиони кои работат во Данска да користат само еколошки одржливи горива до 2030 година.

Почнувајќи од 2025 година, авиопревозниците во Данска ќе треба да понудат авионски патувања со употреба на еколошки одржливи горива, се вели во ноемврискиот предлог на данската влада што го објавија медиумите.

Аеродромите и авиокомпаниите на тој начин ќе имаат можност да тестираат нова технологија, а нивните напори ќе бидат поддржани од државните субвенции на Копенхаген.

Извор: BiznisPRO.com