Веројатно ви е кажано да не држите кивавица и дека не е здраво да го правите тоа. Зошто добро ве советувале најдобро говори еден случај од Шкотска.

Имено, еден маж се обидел да го ублажи нападот на кивање покривајќи го носот со рака и затворајќи ја устата, без да размисли каков проблем ќе предизвика.

Тој имал напад на кивавица додека возел, а држењето предизвикало таков притисок во телото што му нанел дупка во душникот со дијаметар од 2,03 милиметри.

– Маж на возраст од 30 години, со историја на алергиски ринитис, почувствувал силна болка во вратот веднаш по епизодата на кивање која се обидел да ја задржи – се наведува во овомесечниот британски медицински журнал (BMJ).

Тој пристигнал во болница, а лекарите веднаш ги забележале промените. Како што наведоа, при прегледот, вратот му бил отечен од двете страни, со благ крепитус при допир и намален опсег на движење.

По дводневно следење, пациентот е пуштен на домашно лекување, со лекови против болки и алергии.

– Антибиотиците не се препишуваат, а во разговор со кардиоторакони хирурзи е утврдено дека не е потребна интервенција – пишува во БМЈ.

Според LadBible, дупката зараснала за пет недели.

– На сите им советуваме да не задржуваат кивавица, бидејќи тоа може да доведе до перфорација на душникот – изјави д-р Расадс Нисировс од Универзитетот во Данди.