Утринскиот извештај од Регионалниот ЦУК Скопје бележи дека во Скопскиот регион имало вкупно седум (7) пожари на отворено од коишто еден (1) е се уште активен. Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје имаше полни раце работа на повеќе страни од Скопско, особено во доцните попладневни и часови кога со поддршка од воздух од трите „ер трактор“ авиони на ДЗС и еден хеликоптер на МВР ги изгасна тие што претставуваа опасност за населбите околу градот. При координацијата за гаснење на дел од пожарите, на терен беше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, конкретно кај село Љубин, Општина Сарај, каде што покрај пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, беа ангажирани и воздухопловите. Инаку, рано утрово Центарот за управување со кризи извести дека вчера, на 23.08.2023 година (среда), дека пожари на отворен простор имало вкупно 26, од коишто утрово се уште има 1 активен.

Деталите, со време на случување и гаснење на пожарите, во Скопскиот регион каде што има се уште еден активен пожар, се:

Активни пожари во Скопско – 1:
– Општина Чучер Сандево, с. Блаце (гори запалена висока сува трева, нискостеблеста вегетација и шума на карпест непристапен терен) Инаку, пожарот се следи од вработени од ЈП „Македонски шуми“;

Изгаснати пожари во Скопско – 6:

1- Општина Студеничани, с. Горно Количани (стрниште и нискостеблеста шума) локализиран во 18,45ч.;

2- Општина Сарај, с. Љубин (шума и стрниште) локализиран во 22. 00 часот;

3- Општина Гази Баба, с. Страчинци (стрниште) локализиран во 18.45 часот;

4- Општина Гази Баба, обиколница кај с. Стајковци (стрниште) локализиран во 20.50 часот;

5- Општина Сарај, езеро Треска (ѓубре) локализиран во 21.15 часот и

6- Општина Карпош, с. Злокуќани (ѓубре) локализиран во 22.30 часот.