Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.