Универзитетската професорка Ана Чупеска во својата колумназа Либертас наведува четири морални дилеми со кои се соочува светот, додавајќи дека хуманизмот на глобално ниво е сериозна разнишан
„Денес мили мои, светот се тресе, а моралните мета позиции прекршуваат врз разнишаниот хуманизам на глобално ниво. Тој, најпрво, е предизвикан директно и највулгарно од воено екстерминаторство како она во Украина, но не само таму. Второ, постпандемичните енергетско-кризните брзорастечки “растројства” од секаков вид ја разнишаа и отпорноста на луѓето како такви, а со тоа, хуманизмот повторно е предизвикан.
Трето, дигиталната и рапидна неолиберална трансформација на социо-економските устројства долж глобалниот простор се дополнително стимулативни за сите можни видови на нехуманистичка нус продукција. Четврто, пред нос ни се одвива страотна тензија и натпревар, судир меѓу либералната и илибералната демократија, и веќе видливи се последиците од отворената наезда на разните видови тоталитарни режими, авторитарни идеологи, однесувања и слично“ вели Чупеска.
Таа во својата колумна прашува дали граѓаните на Македонија се свесни за таквите светски состојби и додава дека мала држава како Македонија не би смеела да си дозволи аморалност на такци сериозни теми, првенствено заради сопствениот опстанок, а потоа и заради универзалното добро.
„Недозволиво е и неморално, пред се, да немаме став за ЕУ (што е најуспешниот политички мировен и демократски проект, докажано хуманистички и антропоцентричен). Неупатно е, да немаме став за случувањата во Украина и инвазијата на Русија врз суверенитетот на оваа земја. Катастрофално е истото да го правиме и со демократијата“ пишува Чупеска.