Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Почитувани припадници на српската заедница,

Упатувајќи ви срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа.

Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави.

Нека е честит 27 Јануари, Денот на Свети Сава.

Гордана Сиљановска-Давкова