Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје, Нола Исмајлоска Старова ќе биде нивни претставник
„Ја започнавме процедурата за отворање претставништво на Стопанската комора на Србија во Скопје. Имаме големи планови, работиме како и досега и уште поинтензивно“, рече Марко Чадеж, претседател на СКС. Претставник на Стопанската комора на Србија во Скопје ќе биде Нола Исмајлоска Старова, соопшто тој. Таа, како што истакна, веќе има големо искуство во одлична соработка […]
Средба со експерти на ММФ: Народната банка ужива висок степен на независност
Според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, Народната банка има висок степен на независност, што е во согласност со одредбите во Законот на Народната банка. Нивото на независност на Народната банка е високо и во споредба со другите европски централни банки и централните банки во регионот на ЦИЕ. Ова беше заклучено на […]
Јовановиќ од виенски економски институт: Македонија ризикува санкции ако се намали данокот за богатите компани на 5%
Бранимир Јовановиќ, познат економски аналитичар, изрази сериозна загриженост за можните меѓународни последици од најавеното намалување на данокот на добивка за големите компании. Според него, ако Македонија ја намали стапката на данок на добивка на 5%, земјата ризикува да се најде на црната листа на ОЕЦД и Европската унија како несоработлива земја на даночни прашања. „Ако […]
Економскиот експерт Јовановиќ: Владата нема основни познавања од економија и даноци
Бранимир Јовановиќ, економски експерт, жестоко ја критикува најавената даночна реформа на Владата, нарекувајќи ја „фундаментална грешка“ која ќе има штетни последици за државата. Јовановиќ ја осуди намерната намера на Владата да го намали данокот на добивка за најголемите компании во земјата, укажувајќи дека ваквиот потег е неекономичен и неправеден. „Владата нема основни познавања од областа […]
Со почетокот на новата учебна година Народната банка продолжува со финансиската едукација преку нов циклус предавања
Со почетокот на учебната година, започнува и новиот циклус предавања на Народната банка од областа на финансиската едукација. Финансиската едукација е дел од стратегиските цели на Народната банка и преку обезбедување непрекинатост во процесот и постојано зголемување на опфатот на населението од различни целни групи, се цели кон унапредување на финансиската писменост во земјава. За […]
Николоски: 200.000 нови патници во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации
„Следната недела планираме да распишеме нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авио дестинации за периодот од јануари 2025 до декември 2027 година, преку нова Уредба со која ја зголемуваме финансиските поддршка на 375 милиони денари и очекуваме да привлечеме дополнителни 200 илјади нови патници во Македонија“, истакна на денешната прес-конференција, заменик-претседателот на Владата […]
Убава вест: Оваа наша банка предвреме ги исплаќа пензиите – ќе бидат достапни од утре
Соопштение на ХАЛК БАНКА: Почитувани пензионери, Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе биде извршена во петок 30.08.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно […]
Владата нема да ги ограничува цените на производите, а просечната потрошувачка кошница надмина 1.000 евра
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека Владата што тој ја предводи нема да интервенира во ограничувањето на цените на основните продукти за домаќинствата. Цените во последните неколку недели драстично пораснаа, месото, млечните продукти, овошјето и зеленчукот стануваат се поскапи и се понедостапни за македонските граѓани. Но, тоа не го вклучува алармот кај владата да интервенира […]
Црна Гора ги намалува цените на над 1.000 артикли, за Мицкоски тоа било мерка без ефект
Владата на Црна Гора донесе одлука со која ќе се ограничат маржите на околу 1.000 продукти за домаќинството, соопшти премиерот Милојко Спајиќ. Покрај мерката „Ограничени цени“ која досега се спроведуваше и која се однесуваше на брашното, шеќерот, маслото, солта, кои се ограничена маржа од 5 проценти, сега на листата се додаваат овошјето, зеленчукот, повеќе видови […]
