Европската комисија денеска го усвои Пакетот за проширување за 2026 година, во кој оценува дека Македонија продолжила со подготовките за отворање на првиот преговарачки кластер. Неопходните уставни измени, на кои земјата се обврзала, сè уште не се усвоени.

Во оценката се издвојуваат усвојувањето на патоказот за реформа на јавната администрација и продолжената работа на патоказот за владеење на правото и придружниот акциски план за малцинствата. Комисијата бара дополнителни напори за зајакнување на владеењето на правото.

Истовремено, Македонија е посочена меѓу поуспешните земји во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. За придвижување на пристапниот процес остануваат неопходни уставните измени и исполнувањето на мерилата за отворање на кластерот.