Императив во борбата против дезинформациите е стратегискиот пристап. Стратегиите мора да бидат сеопфатни, лесно приспособливи и да ја препознаваат супердинамичната природа на индустријата за креирање и ширење на дезинформациите.
Потребно е постојано развивање нови тактики и напредни технологии за борба против ова зло.
Владите и граѓанското општество спроведуваат кампањи за едукација и јакнење на јавната свест со кои ги потенцираат опасностите од информациите. Тие го поттикнуваат одговорното креирање, дистрибуција и користење на информациите.
Транспарентната комуникација меѓу владите, медиумите и јавноста се дел од борбата против дезинформациите, со кои се гради доверба и отпорност против измамничките наративи.
#ОслободиГоУмот
Извор: Civilmedia.mk