Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин Табановце откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека се движел со 185 километри на час на делница каде ограничувањето е 100.
Возачот бил евидентиран кај клучката Дељадровци, а при излез од државата бил лишен од слобода. Против него е најавена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.
фото МВР