„Истакнат правник е поимот кој мораше да го дефинираме во законот. Една дефиниција е дека професорите од трите најдоброрангирани универзитети ќе може сами да изберат членови на Судски совет на интеруниверзитетска конференција, каде самите ќе делегираат и предложат истакнати професори со минимум 20 години стаж. Исто и адвокатите со 20 години стаж ќе може да бидат членови“ рече заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ во „Вин-Вин“ на Телма.

Таа додаде дека за судиите досега условот бил 6 години стаж, но со измените тоа се менува со 15 години стаж.

„Судија е судија, завршил академија секако, но друго е судија кој работел шест години и 15 години. Тие ќе имаат повеќе искуство, ќе се стекнати со поголем број на предмети и различни ситуации“ рече Аврамовска-Мадиќ.