Апсења во Арачиново, претрес во Делчево, сообраќајка кај Струмица - Детали од билтенот на МВР
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења во Арачиново, претрес во Делчево, сообраќајка кај Струмица – Детали од билтенот на МВР

На 20.09.2020, по претходно преземени мерки и активности, а поради постоење основи на сомнение за кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на А.К.(43) во Делчево. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, пиротехнички средства, малокалибарска муниција и др. По документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од с.Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 21.09.2020 околу 01.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола од слобода биле лишени Ф.Ј.(35) и Н. Ј.(55), двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2020 околу 22.30 часот во с.Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(48) и Б.С.(23), двајцата од с.Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.09.2020 во 14.55 часот во СВР Скопје, Д.П. од Скопје пријавил дека околу 14.20 часот, додека бил на своето работно место како лекар на Оддел за токсикологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од С.И.(32) од Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и лицето е пронајдено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 20.09.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, К.М.(38) од Скопје пријавила дека околу 11.00 часот, додека се движела на патот кон Средно Водно, на крстосницата за Сончев Град со патничко моторно возило „спарк“ удрила во куче и застанала со возилото, по што две лица почнале да и упатуваат навреди и закани, а едно од лицата почнало да фрла со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, И.К.(43) од Скопје пријавил дека во нас.„Пинтија“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 20.09.2020 во 03.20 часот во СВР Скопје, Т.И.(26) од с.Тарино, штипско, пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„9“ во нас.„Илинден“ во Скопје бил физички нападнат од М.М., Б.К. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„100“ во с.Волково, скопско, по претходна расправија помеѓу неговото дете и детето на Љ.Ѓ., неговиот 13 – годишен син бил физички нападнат од Љ.Ѓ(47) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.09.2020 околу 23.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.Х.(39) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Гвадалахара“, во нас.„Шуто Оризари“ во Скопје, неговиот 17-годишен син, бил физички нападнат од Л.И.(21) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 20.09.2020 во 17.20 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Н.(86) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека во с.Долно Лисиче, во близина на место викано „Орешка“, бил каснат од куче скитник.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ поднесе кривична пријава против А.Љ.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две празни рамки за пиштол, рамка за пиштол со пет куршуми од 9 мм, маневарски куршум за автоматска пушка, балистички елек со заштитна плоча, гумена палка и др.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.П.(61) и Л.А.(59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 22.08.2005 до 19.09.2018, тие утврдиле и определиле за плаќање данок на имот кај 27.905 физички и 238 правни лица и комунална такса по основ на фирмарина кај 4.810 правни лица на подрачјето на Општина Куманово, а доспеаните износи не биле уплатени во законски предвидениот рок. Пријавените, иако биле должни, не постапиле согласно одредбите од Законот за данок на имот и не спровеле постапка за присилна наплата, туку со неизвршување на својата службена должност и овластување дозволиле да поминат пет години од денот на доспевањето на даночните обврски, тие да застарат и да бидат отпишани како застарени и ненаплатени, со што нанеле штета на буџетот на Општина Куманово, по сите три основи во вкупен износ од 42.898.437 денари.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Каевски: Зголемените инвестициите од членството во НАТО е силен мотив за заложбите кон ЕУ

Со зачленувањето во НАТО заокруживме една од стратешки цели на државата, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во гостувањето во Топ тема. -Веќе имаме затворено едно големо поглавје и сега останува второто поглавје, а тоа е членството во Европската унија. Видовме колку многу придобивки носи членството во НАТО, дава сигурност... Прочитај повеќе...

Груби на средба со Џачка: Интеграцијата во ЕУ е во интерес на државата и граѓаните

Скопје, 27 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка која престојува во официјална посета на Скопје. На средбата беа оценети континуираниот политички дијалог... Прочитај повеќе...

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО. Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

СДСМ победува во прв круг и во Делчево покрај Дојран, Крива Палнка, Лозово и Валандово – Убедливо СДСМ води во Карпош, Берово, Центар, БОгданци, Центар, Пехчево…

В+

Автомобил удри во пензионер кој возел велосипед – Со тешки повреди е пренесен во болница

Vesti +

Христовски од Крушево: Изградивме над 50 километри пат, иако начекавме општина затрупана во долгови

В+

Вицепремиерот Маричиќ во еднодневна посета на Црна Гора

Vesti +

Ова се градоначалниците кои ќе добијат поддршка за реизбор од страна на Заев

В+

Усвоена преговарачка структура за преговорите со Европската Унија

Vesti +