На 24.03.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице (23) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице (27) од с.Крушопек-скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 21.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце на влез во државата, полициски службеници ги привеле Ш.Б.(32) и К.Д.(26) двајцата од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Ш.Б. евидирал по барање на СВР Куманово, а во врска со кривично дело „разбојништво“. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.