На 25.12.2023 во 13.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Р.С.(56) од Република Турција затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 25.12.2023 во 03.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го привеле Ј.Е.С. (23) од САД затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 25.12.2023 во 15.50 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници гфо лишиле од слобода Ј.A.(58) од РепубликаТурција затоа што при гранична контрола на увид приложил фалсификувана зелена карта за осигурување за товарно моторно возило „форд“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 24.12.2023 околу 11.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К.(31) од Косово затоа што гранична контрола било утврдено дека бројот на шасија на патничкото моторно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.