Како што соопшти полицијата во денешниот билтен, тие имале полни раце работа, па така денеска (26.09.2024) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето (28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така вчера во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето (21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето (34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.09.2024 во 22.10 часот во Свети Николе, полициски службеници при ОВР Свети Николе го лишиле од слобода лицето(19) од Свети Николе, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.09.2024 во 00.30 часот на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода четири лица на возраст од околу 18 години, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.09.2024 во 00.30 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода лицето(23) од Делчево, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.