На 25.03.2024 во 10.15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода лице од Кавадарци. Тој се обидел од магацин на приватна фирма да изврши кражба и да одземе повеќе предмети, но бил спречен од сопственикот.Лицето било приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.03.2024 во 21.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слободалице (21) од с.Арачиново, скопско,лице(20) од с.Батинци, скопско и Б.Х.(18) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода лице(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.03.2024 околу 20.10 часот на улица „113“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово привеле 50-годишен тетовец., кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.03.2024 околу 22.45 часот на улица „Ленин“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле 21-годишен тетовец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 25.03.2024 во 13.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле С.С.(44) од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат две страници. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.