На 01.03.2025 на место викано „Куклишка раскрсница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода лице (21) од Гевгелија. При преглед кај него била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.03.2025 во 18.40 часот на крстосницата од улица ,,Благоја Тоска” со улица ,,29 Ноември” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице(18) од Тетово. Кај него биле пронајдени и одземени 10 пакувања со марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.03.2025 во 00.30 часот, во ОВР Кичево лишени од слобода се лице(38) и лице(34), двајцата од Кичево. При преглед во возило „голф“ во кое се превезувале, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...