Попладнево во 16:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе го прими амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата, амбасадорот Рокас на претседателот на Владата Мицкоски ќе му го врачи Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година, подготвен од Европската комисија.

Предвидено е заедничка прес-конференција за медиуми да одржат претседателот на Владата Мицкоски и амбасадорот Рокас во Медија центарот на Владата.