Алкохол во продавниците можеше да се купи само до 19 часот, ваквиот закон беше укинат од Владата на СДСМ.

Трговските објекти кои што ќе ја прекршеа забраната за продажба се соочуваа со забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и со парични казни од 5.000 евра. Сепак алкохол можеше да се набави во кафитериите и рестораните со 300 или 400 проценти повисока сума.

Пушењето на цигари беше строго забрането во затворени објекти, сега на пример угостителските објекти можат да одредат дел од просторот за пушачи.

Немаше можност за скенирање на фискални сметки и поврат на ДДВ, а плаќавме и радиодифузна такса.

Минималната плата беше речиси замрзната на околу 8 до 10 илјади денари, а пензиите растеа по неколку стотини денари годишно.

Засега опозицијата која има конзервативни ставови не ја соопштува програмата и дали ќе бидат воведени рестриктивни мерки кон алкохолот и цигарите како во времето на Груевски. Нема одговор ниту дали ќе се промени политиката за раст на минималната плата еднаш годишно и пензиите два пати годишно како што е системски решено, со оглед на тоа дека некои функционери и дел од бизнис секторот беа категорично против зголемувањето на минималната плата.