Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања.

Системот Безбеден град ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Воедно, се очекува неговата примена да придонесе и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Апелираме до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата.