На 03.11.2026 во 14:00 часот во угостителски објект во трговски центар во Тетово, полициски службеници привеле 42-годишен маж од с. Радиовце, Општина Брвеница, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили алкохол во крвта, по што лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка.