Фејсбук статус на Комерцијална Банка АД Скопје:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за февруари од петок, 28.02.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 28.02.2025 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 28.02.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот. 🕛