Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, изнесува 109.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.4 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Преработувачка индустрија (11.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.2 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесува 63 154 денари, додека нето платата изнесува 41.999 денари.