Ангела Меркел ги објави своите мемоари „Слобода: Мемоари 1954-2021“ во која изнесува мноштво детали од својот приватен и професионален живот.
Осврнувајќи се на различни временски периоди и различни географски региони, Меркел пишува за голем број политички современици, но и за поранешни државници.
Кога станува збор за Балканот, Меркел спомнува поранешни државници, но кога станува збор за денешнината единствен политичар од Балканот, за кого поранешната канцеларка пишува со пиетет е поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
Во книгата Меркел го опишува Заев како „храбар и решителен“ политичар.
Интересно е што во книгата, Меркел не ги споменува Еди Рама, Александар Вучиќ, Бојко Борисов, а ниту екс канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.