На 03.11.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско, патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од девојка(18) од село Стојаково, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила девојката, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.