Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на националната конференција „Медиумска писменост во образованието“ што ќе се одржи на 30.10.2024 (среда), во 10 часот во хотел Лимак во Скопје.

Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“, на УСАИД, го реализира ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, универзитетите и младинските клубови.