„Драго ми е што со денес реализирав продуктивна средба со Градоначалникот на Битола, каде што разговаравме за досега имплементираните проекти и решенија, за можностите за подобрување на енергетската ефикасност и одржливите практики низ општината и веќе изготвените 5 проекти со кои Општина Битола има за цел да го започне процесот на транзиција кон зелена енергија.

Го поздравувам проактивниот пристап на Градоначалникот за интегрирање на мерките за обновлива енергија и енергетска ефикасност во развојните програми на Битола, посебно за проектот за гасификација. Оваа посветеност се усогласува со нашите национални приоритети и нѐ носи чекор поблиску до почиста, поодржлива енергетска иднина за сите граѓани.“, соопшти Божиновска.