Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, ја известуваме јавноста дека барањето беше поднесено од “The Distinguished Gentleman’s Drive” 2024 клубот кој традиционално по 4-ти пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.

The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање.