Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ:

Посетата на Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен беше прилика Владата, конечно, да ја презентира стратегијата за излез од сегашните позиции и отварање на кластерите со што можеме да фатиме чекор со Албанија. За жал, тоа не го направија.

Од друга страна, пораките на Фон дер Лајен беа јасни, како за уставните измени така и за коридорот 8. Ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Сите други толкувања кои власта се обидува да ги наметне се замајување на јавноста на штета на напредокот на државата.

Стратегијата треба да ни биде да стекнуваме поддршка во Брисел и кај државите членки, а не да се измислуваат изговори кои се само за внатрешна политичка употреба. Тоа не го решава проблемот туку го одлага.

Истовремено, конфузни се и изјавите на партнерите на Мицкоски во Владата. Од една страна Таравари вели дека пораките се јасни од ЕУ и дека нема можност за измени, но од друга страна Муртезани тврди дека има поддршка од земји членки за ставот за одложено дејство на уставните измени.

Прашањето е, ќе се консолидира ли конечно владиниот тим или ќе продолжиме да живееме во паралелен свет, а државата да ја водат паралелни влади? Ова е сериозен проблем кој ја држи земјата и граѓаните во заложништо и хаос кој го создава Владата на Мицкоски. Токму затоа СДСМ бараше да се свика затворена седница на владата да кончено слушнеме дали има и кој е планот на Владата по ова прашање.

Над 75% од граѓаните сакаат влез во ЕУ. СДСМ ќе продолжи да делува конструктивно, но нема да бидеме дел од манипулации и одлагања како алатка за кочење на иднината на младите. Ние сме на чекор пред целта, Владата треба да се охрабри и да го нарпави тој последен чекор.

Затоа, ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Од нас ќе имаат поддршка доколку го променат досегашното однесување и доколку почнат да дејствуваат на конструктивен начин.

Линк до видео: https://youtu.be/TN0pZWbm4rU