Како што соопшти полицијата вчера во 14.10 часот во село во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 29 годишно.
Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.
Приведениот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, рекоа од полиција.