ХАЛК БАНКА ги исплати пензиите уште на 27.09.2024. Да потсетиме дека пензиите за септември се покачени за 2.500 денари линеарно.

– Почитувани пензионери
Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе биде извршена денес 27.09.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.
Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија t само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.

Важни се луѓето,

Халкбанк АД Скопје, се вели во објавата на ХАЛК БАНКА на социјалните мрежи.

Останатите пензионери пак пензијата ќе ја добијат утре.