Во страшна сообраќајна несреќа што се случи во Ваљево загинаа две девојчиња Ј.С.(24) и К.П.

Како што пишуваат медиумите во соседна Србија, сообраќајната несреќа се случила рано утринава околу 4:05 часот во градот Близоње кога автомобил „ауди А4“ во кој имало пет лица излетало од патот во бетонски канал. Во оваа несреќа со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници.

Тешко повредениот возач е пренесен во Белград, а другите две лица во Здравствениот дом во Ваљево.