Денеска (28.09.2024) во 01.20 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице од Скопје затоа што кај неа биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.09.2024) во 01.35 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода лице од светиниколско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2024 во 18.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода лице од Струмица затоа што кај него пронајдена марихуана. За настан бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.09.2024 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода К.Л.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.09.2024 во 07.00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишиле од слобода лице од Валандово. Тој бил затекнат додека полевал стебла марихуана. Од него биле одземени стеблата и предметите со кои ги полевал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.09.2024 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода го(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Штип поднесе кривична пријава против лице од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.05.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.07.2024 во близина на угостителски објект во Кичево, полициски службеници извршиле преглед кај едно лице, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој претходно го набавил од пријавениот.
На 27.09.2024 во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле лице од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво”. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
СВР Велес поднесе кривична пријава против лице од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2024, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено.
СВР Битола поднесе кривична пријава против лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, МДМА таблети и кокаин.