Летот од Осло до Малага мораше да биде пренасочен кон Копенхаген поради „нелегален патник“ – глушец.

Кога една патничка го распакувала својот оброк, жив глодар излетал и предизвикал голем шок и збунетост кај патниците. Ваквите ситуации се случуваат ретко, а навидум безопасните животни на височина од неколку илјади метри над земјата претставуваат сериозен безбедносен ризик.

Многу брзо по слетувањето во Копенхаген, патниците биле префрлени на друг лет за Малага и безбедно пристигнале на дестинацијата.