Во страшна несреќа меѓу патнички автомобил и воен транспортер на Ибарската магистрала кај Ушќе во Србија, загина петчлено семејство од Рашка, меѓу кои и три деца.

На Ибарската магистрала кон Краљево колоната од автомобили е долга 13 километри поради сообраќајната несреќа што се случи околу 13 часот.

Претходно денеска соопштение се огласи и војската на Србија.

„При извршување на редовни задачи дошло до судир на борбено возило ВС ‘ПАСАРС’ и цивилно возило. Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција. Во сообраќајната несреќа според првите информации има повредени и загинати лица“, се наведува во соопштението.

Надлежните органи излегле на местото на несреќата и ќе ги утврдат сите околности на несреќата. Се претпоставува дека патничкото возило прелетало под военото борбено возило кое се движело во придружба.