Денеска (15.06.2024) во 13.45 часот полициски службеници од Единицата за и нтервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.К. (31) од Скопје поради основано сомнение дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.

Извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.