„И како министер, и како човек, генерално, сум достапен и отворен за соработка и комуникација, а тоа ќе мора да го прават и луѓето околу мене. Никој нема да биде оставен настрана, неислушан или запоставен“-вели во интервју за Фокус, проф. д-р Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ.

Филипче вели дека нема да дозволи членовите во партијата да се чувствуваат напуштено

„СДСМ, пред сѐ, мора да се грижи и да ги вклучува своите верни поддржувачи бидејќи без нив партијата нема да постои’-вели Филипче.

Причини за лошиот резултат, на последните избори, според него е во менаџмент на партијата и политики.

„Во однос на менаџментот, анализата на освоени гласови кажува дека СДСМ има изгубено сериозен број гласачи, кои се дефинираат како лојални гласачи на партијата, односно „базата“ на партијата. Тоа се луѓе, кои години наназад, и во добро, и во лошо биле со СДСМ. Кај оваа група, многу повеќе влијаел односот на раководството отколку политиките на партијата. Од моите разговори токму со вакви наши членови се чувствуваше напуштеност и негрижа, едноставно оддалеченост од раководството. Ова е изразено особено во последните две и пол години. Доколку бидам претседател, вакво нешто никогаш нема да се повтори“-вели проф. д-р Венко Филипче во интервјуто за Фокус.