На 12.06.2024 во 18.50 часот на ул.„Никола Георгиевски Никлец” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода лице(30) и лице(28), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Д.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.06.2024 во 09.20 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.Р.(56) од Република Турција. При пасошка контрола и дополнителна проверка било констатирано дека зелената карта за осигурување за товарното возило „мерцедес“ со полуприколка со турска национална ознака, кое го управувал, била фалсификувана. Лицето било задржано во полициска станица, по што бил изведено пред судија во Основен суд Крива Паланка, кој му одредил алтернативна мерка условна осуда.