Фб статус на замнеик министерката Викторија Аврамовска-Мадиќ:
Почитувана професорке Силјановска,
Четири години како пратеничка, на секоја седница, за секој предложен закон први ,,скокавте” за скратената постапка на законите кои беа предлагани.
Вчера, партијата во која како ,,независен” пратеник бевте дел од неа и која Ве предложи за претседател, на најгруб можен начин го прекрши најпрво Деловникот за работа на Собранието, за потоа во рок од само 24 часа да предложи и изгласа Закон со кој не само што го прекрши предизборното ветување за намалување на администрацијата и непотребните трошоци, туку спротивно на тоа, создаде уште четири нови министерства со што дополнително го зголеми државниот апарат.
За да биде уште поинтересно, сите ветувања дека ќе направат сè за да ја однесат една друга партија во опозиција, резултираа со главна поддршка токму од истата. Ако сето ова се случи на втората седница, што треба да очекуваме понатаму?
За крај, многу ме интерсира дали ќе го потпишете Законот кој беше донесен во ,,екстремно” скратена постапка или ќе задржите барем дел од Вашето достоинство и ќе го одбиете тоа.
Во исчекување на Вашата постапка, срдечен поздрав од Вашата колешка-правник и заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ .