На 05.06.2024 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Полежиновски“ и ул.„Адолф Циборовски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(25), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 05.06.2024 во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Бањиче –Тетово кај мостот, А.Д.(30) од Тетово, управувајќи мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.