На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес лишиле од слобода лице (42) од село Сојаклари, велешко. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека ги одзел од фирма во Велес во која бил вработен. Одземеното било вратено на сопственикот, а А.Н. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2024 во 11.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле лице (48) од Гостивар, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 05.06.2024 во 15.00 часот кај место викано „Борови“ во близина на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово привеле лице(71) од Република Албанија затоа што остварил илегален влез во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка.