„Ако ги погледнете ставовите на Давкова и во Собранието и во јавноста и во кампањата, тие не беа помалку од тоа дали Преспанскиот договор воопшто ќе опстои. Можеби лично претседателката не се занимавала со раскинување, но ставот бил дека тој е невалиден, непотпишан според Уставот итн. Тоа беа ставовите на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека не очекувал дека Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ поинаку ќе постапуваат по победата на изборите и дека воопшто не е изненаден.
„Факт е дека изјавата, свечената изјава е потпишана со уставното име и тоа само покажува еден таков лицемерен однос и пристап. Заради рејтингот, јавно ќе изговорам што ќе изговорам, но ќе потпишам како што е по Устав“ рече Спасовски.
Поранешниот министер за внатрешни работи додаде дека тоа ќе предизвикува реакции, но за реакциите треба да одговорат претседателката и ВМРО-ДПМНЕ.