Прегласување за Парламентарните избори ќе се спроведе на седум избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево, и по едно во Охрид, Струга во петтата изборна единица, а во шестата изборна единица ќе се прегласува во општина Желино.
ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе распореди мобилни изборни набљудувачи во општините каде што се прегласува на 22 мај. Изборниот мониторинг ќе го спроведат акредитирани набљудувачи на ЦИВИЛ во текот на целиот ден на гласање, сè до завршување на броењето на гласовите.
Прес центарот на ЦИВИЛ ќе функционира во текот на целиот ден, а предвидени се и шест прес конференции, по три на македонски и албански јазик.
Прес конференциите на македонски ќе се одржат во 12, 17 и 20 часот, додека на албански во 12:30, 17:30 и 20:30 часот.
Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а ќе има и вонредни обраќања, доколку има итни информации од теренот.
Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учество на претставници од медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.
ЦИВИЛ Тим за комуникации