На Листата на должници бр.05/2024 објавени се 1918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2024 изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари (повеќе за 18.031.120 денари од претходната листа).