Дури тогаш бргу, многу бргу постизборно, Софија ќе ви ја испорача и тоа онака по нивно, баш – „гордо”

ЗОРАН ИВАНОВ

Ќе ја враќала гордоста македонска, онака интелектуално, Александар ли ќе го воскреснува или татко му, идентитетот ни бил загрозен, идентитетот несигурни едни во себе, безидентски манипуланти, ќе сме се бугаризирале, а пола партија им е бугарска, знамињата им партиски и симболите им историски им се пафтаат пред бугарските клубови по македонските градови, гордоста ќе ни ја враќале, како, па фино онака по нивно како во изминативе три декади манипулантски популистички па наместо на масата во Брисел ќе не враќале на масата во Столицата, бугарашка работа и таа и тие, гордост ќе ни враќале, враќајте си ја вие што ја немате и ако со вашите телевизии и анкети и натаму ви успеваат маглите партиски и ако згазнете на власт, е тогаш, по изборите, гордоста што сега предизборно ја враќате, е дури тогаш, кажано во една реченица, дури тогаш бргу, многу бргу постизборно, Софија гордоста ќе ви ја испорача и тоа онака по нивно, баш – „гордо”.

Извор: Civilmedia.mk