Вчера во Музејот на Современа уметност, во организација на Факултетот за работи што не се учат се одржа конференцијата „Школа за пропаганда“. На конференцијата Школо за пропаганда „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА. Од Скопје 2014 до Скопје – Eвропска престолнина на културата 2028“, која се реализираше во рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ на светски познатиот холандски уметник Јонас Стал, осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот Скопје 2014 ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.
На конференцијата, се истакнаа различни аспекти и мислења за проектот кој во повеќе наврати беше оценет како негативна пропаганда и обид да се подели државата во етнички табори. Настанот, што беше прифатен како квалитетна дебата во градот, придонесе за интелектуалното разгледување на темата, со моменти кои повремено личеа на реално шоу, како што беа несмасните обиди на радикални десничари да се адаптираат на демократскиот панел, создавајќи интересни динамики на настанот.
Целиот текст прочитајте го на Трн.мк (ЛИНК)