Во интервју за Слободен печат, претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала мешу другото зборуваше и за почетоците на неговата организација, како и приоритетите на нејзиното дејствување во изминатите 25 години.
„Почнавме десеттина луѓе во еден мал стан формиравме здружение со идеја да се залага за човековите права и слободи на начин што не се случува во другите делови од граѓанксиот сектор. Секогаш се обидуваме да најдеме место и начин да вклучиме повеќе луѓе. Денес, ЦИВИЛ има 950 членови низ цела Македонија има 30ина пријатели и пријателки низ целиот свет меѓу нив новинари, професори, уметници… ЦИВИЛ е организација која се ободува и успева секој ден да мисли надвор од кутијата.
Најактуелно е што ние со години сме дел од пионерската структура или коалиција на невладини организации за борба против дезинформациите, пропагандата, говорот на омраза, тероиите на заговор и хибридните закани против демократијата“ рече Дерала.
Осврнувајќи се на заканите што ги добива, Дерала истакна дека тие него не можат да го заплашат, додавајќи дека крајната цел е да се заплашат другите.
„Нападот над мене не е само напад над мене, затоа што јас лично немам никаква релација ниту бизнис преку ентитетите што ме напаѓаат, впрочем нападот ад хоминем е секогаш наменет да ги заплашуи другите“ вели Дерала за Слободен печат.