Во борбата против дезинформациите се вклучени владите, безбедносните служби, технолошките компании и граѓанското општество.

Со оглед на глобалната природа на дезинформациите, меѓународната соработка меѓу владите и организациите е особено важна.

Законската регулатива игра клучна улога во борбата против дезинформациите, со цел да се повикаат на одговорност креаторите и дистрибутерите на дезинформации.

Во фокусот на институциите и на граѓанското општество се медиумската писменост и дигиталното образование со кои им се помага на луѓето да ја разликуваат вистината од лагата. Тоа се постигнува со постојана проверка на фактите и со разобличување и обелоденување на дезинформациите и нивните креатори и дистрибутери.

#ОслободиГоУмот

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА

Извор: Civilmedia.mk