Северна Македонија од заробена држава од поранешниот режим на Никола Груевски, од 2017 година започна нова етапа на ослободување и напредок. Со доаѓањето на чело на Владата на прогресивниот социјалдемократски реформатор Зоран Заев во 2017 година се сменија многу работи. Политичката стабилност во внатрешен план ја постигна целта со негување на добрите меѓуетнички односи, потоа градење и подобрување на добрососетските односи и членството во НАТО, најмоќниот политички воен сојуз во светот беше печатот на најголемиот успех на трансформацијата од режимска држава до членка во најмоќен сојуз.

Денес, кога Северна Македонија, како полноправна членка на НАТО, е пред вратата на ЕУ за да реализира уште една стратешка определба на земјата, таа е горда на својата Армија, која ја претставува земјата и НАТО во различни мисии. Во споредба со режимот на Груевски, има драстични подобрувања на условите на административниот и воениот персонал на Армијата.

Во 2016 година за време на режимот на Никола Груевски и владењето на ВМРО ДПМНЕ, еден професионален војник во Армијата имаше плата од 21.933 денари, како и минорни додадоци за дежурстава, празници…

Во 2023 година за време на владењето на СДСМ, истиот има плата од 35.015 денари, станарина 11.000 денари, три пати повеќе покачување за стражи, дежурства. (Пр. дежурство во недела е 5.000 денари).
За активниот воен и цивилен персонал се исплатаува боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се стипендираат и млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.

Војниците се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста.

Армијата на Северна Македонија има над 6.700 припадници на армијата.

Дестан Јонузи

Извор: Frontline.mk